Работилница во ЈЛБ ,,Илинден” на тема „Птици преселници, ве очекуваме!“

Во чест на храбрите, силни и истрајни птици преселници, денес во ЈЛБ„Илинден“-Делчево се одржа работилница на тема„Птици преселници, ве очекуваме!“.На работилницата присуствуваат второоделенците од ООУ„Ванчо Прке“.Тие ни донесоа мали цртежи со ластовички и штркови и истите ги ставивме на дрвцата пред библиотеката.Зборувавме за птиците преселници кои со радост ги очекуваме.Гледајки од далеку, сите заедно заклучивме дека големото гнездо на штрковите кај поштата, кои секоја година ни доаѓаат, е зачувано и може да ги вдоми штрковите и оваа година.
Благодарност до сите дечиња и до нивните наставнички Елизабета Џабирска, Бети Јовановска и Даниела Ангеловска за креативноста, организираноста и успешно реализираната работилница.Чест ни беше што беа наши гости.


Кога доаѓа пролетта, ни доаѓаат и птиците преселници.Се враќаат дома од јужните краишта.Илјадници километри кои ги поминуваат ластовичките и штрковите се предизвик и напор за нив, бидејки тие губат четвртина од својата тежина. На овој пат птиците се под постојан ризик од опасности, лоши временски услови или природни катастрофи на подрачјата во кои се одмараат или презимуваат. Тука се и тешко надминливите препреки како високите згради, далековидите, но тука се и силните градски осветлувања кои ги збунуваат. Се проценува дека секоја година стотици милиони птици страдаат за време на нивната долга и тешка преселба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*