Филантропијата на љубителите на фолклорот клучна за комплетирање на носиите на Копачка

Филантропите како Гера Митревска, Љупчо и Галина Димитровски и многу други се доста значајни за докомплетирање на народните носии кои се составен дел од обележјето на Фолклорната група Копачка. Ова може да се заклучи по последните неколку донации од страна на хумани граѓани кои фолклорниот инвентар на членовите на ЗФГ ,,Копачка” го збогатија со додатоци за самите носии за што претседателката Перса Стојановска ќе рече:

-Голема благодарност за филантропијата од Гера Мотревска за невестинската крпа, рачникот и футата. Ваквата помош за нас е од голема полза а елементите ги користиме за докомплетирање на носиите. Однапред им благодариме и на сите оние, кои не распрашуваат дали сакаме да ни донираат фути, скутачи, крпи…, истакна Стојановска.

Ги охрабрувам како што додаде да го направат тој благороден гест на дарување и ни помогнат во збогатувањето на архивата со елементи на автентична изворна носија…

Претходно на 12.03.2024, добија поклон- материјал кој ќе го искористи за шиење на 10 машки елеци од Гале Димитровска и Љупчо Димитровски.

-Тие ни ветија дека ќе го платат и надоместокот за шиењето. Им благодариме од срце… ваквата поддршка многу ни значи.
Воедно ве повикуваме и сите оние кои имате желба да ги дарувате вашите елементи од носиите, од ковчезите на вашите блиски родители, баби и дедовци, ние со радост ќе ги прифатиме. Така ќе допринесете во голема мера, ние од ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, да продолжиме да ги нижеме наградите за најафтентична носија, но и на други награди, од комплетните настапи со така комплетна пијанечка изворна носија, за што ќе ви бидеме неизмерно благодарни, додаде Стојановска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*