Во Пехчево продолжува иницијативата ,,Плати кафе со поезија”

На 21 Март 1999 година во Париз е усвоена одлука овој ден да биде прогласен како Светски ден на поезијата.

Секоја година на овој ден се прават книжевни собири низ целиот свет,каде поетите оддаваат чест на поетското творештво.

Библиотеката “Кочо Рацин” веќе 8 години се придружува на кампањата ” Плати кафе со поезија”. Денеска по тој повод во кафе бар Ким се одржа поетско стихотворување.

Се пишуваше поезија од страна на учениците и возрасните. А се читаа и песни од Ацо Шопов и Кочо Рацин и на тој начин се одбележа утрешниот ден.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*