Вардар Скопје со победа над пионерките на РК Делчево

Пионерките на Вардар Скопје ја совладаа екипата на Делчево Вардар во дербито на колото во женската пионерска лига на Македонија. Во борбен и интересен натпревар кој се одигра во спортската сала Методи Митевски – Брицо во Делчево, вардарки славеа со 23: 25. Од стручниот штаб на домашната екипа и покрај поразот изрази задоволство од играта на своите избранички, потенцирајки дека нијанси одлучиле бодовите им припаднат на гостинските ракометарки.

-Денес во нашиот град одиграа двете водечки екипи во групата 1, каде како победник излезе екипата на ЖРК Вардар од Скопје. И покрај големата желба и борбеност на домашниот тим, и навистина изедначената игра на двете екипи во текот на целиот натпревар, не можеме а да не кажеме дека судискиот пар од Скопје не даде шанса за позитивен резултат на нашата екипа. 

Делчевки утре во кадетска конкуренција требаше да го угостат тимот на Чаир, но натпреварот како што стои во дописот на РФМ нема да се одигра.

-Екипата на Чаир иако требаше да гостува сепак екипата најави дека нема да допатува, што значи дека овој натпревар службено ќе го добие нашата екипа, додадоа од стручниот штаб на делчевки.

Екипата од Делчево која се натпреварува во кадетска и пионерска конкуренција во следното коло гостува на тимот на РК Астибо од Штип.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*