Каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски донираше ново црковно звоно на црквата Успение на Пресвета Богородица

Епископот Делчевско- каменички г.Марко денес богослужеше во црквата Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица. Богослужбата како што истакнаа од Делчевско-каменичката епархија е дел од црковниот распоред на епархијата во периодот до Христовото Воскресение Велигден.

-Денес 24-ти март  е прва недела од Велигденскиот пост посветена на Православието. По тој повод Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. За време на Богослужбата одржа содржајна беседа во која ја објасни смислата и значењето на постот, истакнаа од епархијата додавајки дека на литургијата свештенството и верниот народ ги примија божествените дарови.

По Светата Литургијата епископот благоизболи, да изврши осветување на новата проширена продавница за црковни предмети која се наоѓа во склоп на црквата.  

Исто така го освети и новото црковно ѕвоно кое ќе се постави како второ ѕвоно на црковната камбанарија. 

-Епископот за време на чинот во обраќањето кон присутните, искрено, се заблагодари на донаторот на црковната камбана градоначалникот г. Димче Атанасоски, кој се погрижи и со сопствени сретства го набави ова црковно ѕвоно. Се надеваме дека оваа камбана долги години ќе биде прекрасен гласник, кој ќе го повикува верниот народ на молитва. Исто така, се заблагодаруваме и на г. Дејан Митевски кој живее во Скопје, но потекнува од Македонска Каменица за несебично залагање во изработката на инвентарот во црковната продавница, додадоа од епархијата.

Од црквата ги поканија верниците да присуствуваат на пред велигденските богослужбите кои се одржуваат во храмовите под надлежност на епархијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*