Видео: Отворени нови канцеларии на локалните ограноци на Левица во М.Каменица, Берово и Пехчево

Во општините Македонска Каменица, Пехчево и Берово отворени канцеларии на локалните ограноци на политичката партијата Левица. Прв пред присутните на отворањето на завршната канцеларија на Левица во Македонска Каменица се обрати носителот на листата од оваа партија за ИЕ 3, Борислав Крмов кој рече дека самото отворање на трите канцеларии во еден ден, покажува дека членството на Левица забрзано расте.

-Тоа се гледа и од реакциите на нашите политички противници и ако се обидуваат да не потиснат, и ако се обидуваат да не истиснат од медиумскиот простор. Мојата порака би била луѓето да не се плашат, конечно имаат опција да гласаат за нешто афирмативно. Прво да го дадат својот глас за професорката Ванковска на 24 април, потоа на парламентарните избори за Левица, рече Крмов.

Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев додаде дека Третата изборна единица е една од најзначајните и една од оние каде како што рече Левица најдобро стои.

-Ако се сеќавате 2020 година, три пратеника буквално низ вода ни отидоа за 500, 600 гласови што носат еве вака мали општини како Македонска Каменица, Пехчево, Берово. Секој глас е битен и по овој Донтов модел мора да играме по нивни правила. Ние за да бидеме во можност тоа да го измениме треба да имаме двоцифрен број на пратеници, додаде Апасиев.

На настанот како гостин присуствуваше и кандидатот за претседател од оваа партија Билјана Ванковска, а пред присутните свој краток говор имаше и претставник на огранокот на Левица од М.Каменица

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*