Во Делчево за утре најавено исклучување од функција на старата филтер станица

Градот Делчево и околните места утре ќе се снабдуваат со вода од бунарските системи. Причина за тоа како што се вели во известувањето на комуналното претпријатие ,,Брегалница” е исклучувањето од функција на старата филтер станица во село Тработивиште 

-Јавното комунално претпријатие Брегалница го известува населението дека на ден 27.03.2024 год. (среда) ќе се изведуваат активности поврзани со исклучување од функција на старата станица за прочистување на вода во Тработивиште, поради што ќе биде прекинато водоснабдувањето од филтер станицата и бунарското поле во Тработивиште, се вели во соопштението од претпријатието.

Градот Делчево како што додадоа до завршување на работите ќе се снабдува со вода за пиење од бунарските системи во Делчево и резервите на вода од резервоар „Звегор“.

-Поради таа причина во некои периоди од денот е можно намалување на притисокот или недостаток на вода во одредени реони од градот, додадоа од ЈКП ,,Брегалница”

Од претпријатието однапред се заблагодарија за разбирањето од страна на граѓаните, апелирајки до колку има било какви други проблеми со водоснабдувањето, веднаш да го пријават до надлежните служби.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*