Винарија „Арсов“ од Делчево – кaде љубовта и искуството создаваат врвно вино и ракија

Поврзете се со винарија „Арсов“ на социјалните мрежи: Facebook и Instagram

Винаријата „Арсов“ се наоѓа близу до Делчево, сопствеништво на Горан Арсов, вљубеник во винарството. Интересот за ферментирањето како појава го поттикнува да ферментира разни производи достигнувајќи четиригодишно искуство во правење вино и дестилати. Одработените над 300 ферментации на разни видови овошје покрај грозјето, како малини, капини, јагоди, банани, портокали, дињи и друго укажува на сериозно винарско искуство. Горан ферментира и материјали кои не се овошје како медот, со што се добива медовина (т.н. вино од мед). Теоретски се образува од книги и учебници на автори кои имале врвно винарско искуство. Теоријата е многу важна за учење на правилните и научно-засновани постапки за добивање добар производ, но и дава насоки за отстранување на проблемите кои често се појавуваат при работата.

Во винарската пракса на Горан повеќе пати се појавиле проблеми при ферментација, дел од нив понекогаш природно се појавуваат. Нивното решавања е причина за самоувереност, но и храброст да се направи сериозен чекор со инвестирање во винарија и нејзино регистрирање во државните институции.

„Спојот на теоријата и праксата е рецептот за добро вино и за добра ракија“, вели Горан во разговорот со Скопје Инфо и додава дека во минатогодишната берба тој решил да се концентрира на малку етикети со што знаењето, работата и енергијата ќе бидат фокусиран  на помал број производи, очекувајќи поголем квалитет и помалку трошоци.

Од винаријата „Арсов“ во 2023 година излегуваат два типа вино, околу 2000 шишиња темјаника под името „Темјаника Прима“ од тиквешкото виногорје и околу 8000 шишиња вранец под името „Скротен Вранец“ направен од грозје од тиквешкото и светиниколското виногорје.

„Скротен Вранец“ е добитник на златна плакета од натпреварот на млади вина во Неготино.

„Темјаника Прима“ се уште нема добиено награди, но според познавачите таа има сериозен квалитет, па за неа Горан очекува златни плакети на идните натпревари за вино.

Сериозното искуство како успешен дестилер е причината поради која Горан решава да започне постапка за отворање и на дестилерија. Од десетината ракии со значителен квалитет, тој ја издвојува ракијата наречена „Ливада“. Направена е од грозјето Темјаника, и доби оценка „исклучително добра“, што е највисоката можна оценка за жесток пијалак. Оценката беше дадена од г-н Звонко Херцег, кој е меѓународен судија за жестоки пијалоци и тековен претседател на македонското здружение на сомелиерите (МАСОМ). Неговиот текст на англиски прочитајте го тука

За нарачки јавете се на 070-945-499. Поврзете се со винарија „Арсов“ на социјалните мрежи: Facebook и Instagram

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*