Фондацијата Bel idéal во Делчево го организираше вториот настан за промоција на Франкофонијата

Во организација на фондацијата Bel idéal во Делчево се одржа настанот „Да ја промовираме Франкофонијата”

Ова е втора година како фондацијата го организира овој настан, кој како што рече претседателката Јадранка Бојковска Бенреждал, претставува патување на Франкофонијата низ Македонија, а на истиот учествуваат ученици од повеќе градови во државата.

-Ова е втора година како се организира овој настан и чест ми беше што вечерва овој спектакл се случи во Делчево. Учествуваа 117 ученици од 8 градови и 11 училишта од цела Македонија. Беше интересно и убаво да се гледа како тие го зборуваат францускиот јазик низ игра и забава. Целиот труд ми беше поткрепен од професорките Билјана и Магде од Делчево и Пехчево на кои им се заблагодарувам за помошта и поддршката, рече Бојковска Бенреждал.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Франција во РСМ, Сирил Бомгартнер кој рече дека Франкофонијата не е само францускиот јазик, туку и споделувањето заеднички вредности.

-Само сакам да напоменам дека на 20 март годинава го одбележавме Меѓународниот ден на Франкофонијата. Инаку знаеме дека Франкофонијата е францускиот јазик, но не само тоа, туку тоа подразбира и споделување на заеднички вредности, тоа се човековите права, слободата односно тоа се вредности кои се поважни повеќе од кога и да е. Насекаде во земјата има основни и средни училишта каде одреден број ученици го учат францускиот јазик и токму порафи тоа Франкофонијата живее во вашата земја, рече Бомгартнер.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски во своето излагање на настанот рече дека Франкофонијата нуди голема  можност за развој, соработка и меѓународен просперитет. 

-Ние, како граѓани на Македонија, треба да го цениме и да го негуваме нашиот однос со францускиот јазик и културата на франкофонските земји. Затоа и од овде, од Делчево испраќаме порака  да продолжиме да го поддржуваме учењето на францускиот јазик, да ги поддржуваме културните размени и соработката со франкофонските земји, и да ги негуваме нашите врски со оваа важна глобална заедница, рече Трајковски.

Заедно со францускиот амбасадор Бомгартнер со кого претходно остварија заедничка средба потенцираа дека Македонија е многу голем пријател на Франција, а тоа пријателство Трајковски очекува да биде возвратено на нашиот пат за остварување на нашите стратешки интереси (кон Европската Унија) и Франција да биде еден од нашите најголеми подржувачи на тој пат. 

Настанот посветен на Франкофинијата на кој гостин беше и градоначалникот на Пехчево, Александар Китански заврши со доделување награда на дел од учесниците, кои ќе учествуваат на седумдневниот камп на Франкофонијата кој ќе се одржи летово во Охрид.

Изјава на Бојчевска Бенреждал 👆
Целиот настан 👆

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*