Концерт во чест на пролетта одржан во Делчево

Во организација на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров“, на 26 март 2024 во Делчево се одржа музички настан од областа на фолклорот насловен Концерт во чест на пролетта. 

Концертот се одржа пред многубројна публика, која за прв пат можеше да ги проследи настапите на делчевските играорни групи во новореконструираната сала во Спомен дом АСНОМ.

-Како што видовте полна сала, полно деца кои што се бават со фолклор, кои играат и пеат. Тука беа сите општински културно-уметнички друштва и пеачката група Ѓурѓа како и гитаристи од двете основни училишта. Пред се прекрасен настан вакви нешта треба да се случуваат многу често и овие талентирани млади деца, да можат да ги покажат своите квалитети, истакна директорот на установата Љупчо Петровски.

Како град на фолклорот оваа традиција како што додаде директорот на делчевскиот Центар за култура треба да продолжи да се негува и понатаму.

Настанот се реализираше во соработка со Општина Делчево , Јавната локална библиотека ,,Илинден“ Здружението Фолкорна група ,,Копачка“ и Културно уметничкото друштво ,,Гоце Делчев“ од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*