Во рамки на програмата за Локални улици и патишта на Општина Берово за 2024 година се асфалтира улица ,,Киро Фетак”. Увид во градежните активности изврши градоначалникот Звонко Пекевски кој поразговара со жителите кои изразија благодарност што после долги години, конечно ќе газат по асфалт.
-Се асфалтира крак на улица ,,Киро Фетак”, со должина од 110 метри, со широчина на коловозот 5 метри, без тротоари и се врши одведување на површинската вода во атмосферската канализација, рече Пекевски.
Улицата како што додаде идејно е решена како кружна, при што предвидено е зеленило на самото заокружување.
-За реконструкција на ул.,,Киро Фетак”, од Буџетот на Општина Берово, ќе бидат исплатени 1.140.230,00 денари, додаде Пекевски.
Реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на улици, во Општина Берово, како што подвлече се одвива согласно предвидената програма, а во насока на обезбедување подобра инфраструктура за сите граѓани.
Leave a Reply