Работилница во ЈЛБ ,,Илинден” за запознавање на учениците со земјоделските алати и машини

Мислевме дека децата многу малку знаат за земјоделските алатки и земјоделските машини, и од тие причини,одлучивме да направиме работилница на тема „Земјоделски алатки и машини“.Меѓутоа децата пријатно не изненадија со тоа што поголем дел од земјоделските машини ги знаат, малку помалку ги знаат алатките.Сепак,никако не може да штети или да биде непотребно ако на децата им кажеме и покажеме за земјоделските алатки и машини.


Денес, библиотеката заедно со наставничките Александра Димитровска, Каролина Цинцовска и Сунчица Димитровска и првооделенците од ООУ„Св.Климент Охридски“ разговаравме токму на тема земјоделски алатки и машини.а првооделенците им покажавме слики од ашов, мотика, копач, коса, срп, потоа, трактор, балирачка, комбајн, фреза и др.Се надеваме дека на децата им беше интересно.
Повторно упатуваме благодарност до наставничките што ни помогнаа во реализацијата на денешниот настан.
Искрено посакуваме на оваа тема да разговараме и со други ученици од повисоките одделенија.

Објава на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*