Бојмацалиев во посета на Регионалниот центар за Гранични работи Исток

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го посети  Регионалниот центар за гранични работи Исток и граничниот премин „Делчево“. Во рамки на посетата Бојмацалиев одржа работен состанок, а имаше и теренски активности заедно со македонската полиција присуствувајки на две точки на обезбедување на границата со Република Бугарија. 

-Од состанокот со РЦ Исток сум информиран дека имаме зголемување на протокот на патници за 11 проценти, имаме намалување на криминалитетот на државна граница за 25 проценти, а зголемен е и бројот на настани по ОА Гора за 100 проценти и зголемување на количината на запленети дрва за 41,4 проценти во заолена на девна маса по акцијата гора, рече Бојмацлиев.

Заменик министерот напомена дека е намален бројот на откриените фалсификувани патни исправи и други документи за 15,38 проценти.

-Со тоа потврдуваме дека овие гранични премини се опремени со опрема за детектирање на лажни документи. Исто така ќе миже да се уверите и од опременоста на РЦ Исток на терен кај што бевме, имаме специјални возила за надзор на границата, исто така имаме и термални камери за секојднецно и ноќно набљудување. Исто така имаме и мобилни уреди кои се поставуваат и снимаат 24 часа во текот на денот и при детекција на одредено движење испраќаат сигнал до централата и знаеме дека некое лице е таму и тоа ни служи понатаму во постапката, додаде Министерот.

Со тоа како што заврши Министерството ги потврдуваме тврдењата дека границите се безбедни и дека македонската полиција 3 опремена. Освен возилата форд кои се 10 на територијата на РСМ, во фаза на набавка се и 8 дронови, со што како што подвлече заменик министерот, Министерството ги следи светските трендови за обезбедување на нашите граници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*