Се проширува и модернизира уличното осветлување на ул,,Даме Груев” во Берово

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски изврши увид во градежните работи, за проширување и модернизира на уличното осветлување на улицата ,,Дамјан Груев”, една од пофреквентите улици во Берово.

Нова линија на улично осветлување како што информираше Пекевски се инсталира на должина од околу 455 метри.

-Инсталирањето се реализира од левата страна, од вкрстување со улицата ,,Ѓорѓи Димитров”, до вкрстување со ул. ,, Индустриска” и ул. ,,Којова Ливада”. 

Ќе бидат поставени светилки, по сите стандарди за енергетски ефикасно лед осветлување, со што ќе се подобри безбедноста во сообраќајот, особено во ноќните часови, рече Пекевски.

Улицата ,,Дамјан Груев” во Берово како што додаде е важна сообраќајница и е од големо значење за сите жители на Општина Берово, 

-Значајна е особено за младите, кои покрај тоа што се движат до средното училиште, ја користат и за вечерни прошетки, додаде Пекевски.

За поставување на улично осветлување, на ул. ,,Дамјан Груев” (2 фаза), од Буџетот на Општина Берово за 2024 година, ќе бидат потрошени 1.38 милиони денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*