Традиционална Априлијада и годинава во чест на Денот на шегата

Граѓаните на Делчево денес можеа да уживаат во дефилето од стотици различни креации на маски по повод традиционалниот настан во чест на Денот на шегата, 1 Април. Априлијадата е во организација на Општина Делчево, Детската градинка “Весели Цветови” и деветолетките „Св.Климент Охридски” и „Ванчо Прке“.

-Голем број маски беа изработени од нивните рачиња заедно со нивните воспитувачки, наставнички и родители. А потоа граѓаните уживаа и во пригодната програма која беше подготвена од воспитувачкиот и наставничкиот кадар. Ден на шегата е традиционален празник кој се одржува на први април, кога луѓето прават шеги и изненадувања едни на други, истакна модераторот на настанот Даниела Николовска.

Денот како што додаде таа е посветен на забавата и смеењето, каде што сите имаат можност да се забавуваат и да го испробаат својот креативен хумор. 

-Од класичните шеги како ставање сол во шеќерникот, до измислување на веродостојни известувања за несекојдневни настани, сè е дозволено на овој ден. Важно е, меѓутоа, да се земе предвид дека шегите треба да бидат ненавредливи и да не го нарушуваат чувството за хумор на другите луѓе, додаде Николовска.

Денот на шегата на дечињата им го честиташе и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој им посака на учениците да уживаат во детската игра и забава секој ден за време на училиштето.

АПРИЛИЈАДА 2024 ЦЕЛ НАСТАН ВО ГРАДСКИ ПАРК

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*