Вандализам во црквата Св.Петка во с.Селник

Непознати сторители во изминатиот период извршиле вандализам во црквата Св.Петка во делчевското село Селник. Случајот го потврдија од црковниот одбор во селото од каде информираа дека за време на вандалскиот чин, причинета е материјална штета.

-Во текот на изминатата недела, регистрирано е оштетување на главната врата за влез во црквата. Искршен е катанецот кој специјално беше набавен да се заштити самата црква, а недостигаат и повеќе банкноти и монети кои отсекогаш стоеле во црквата, информираа од црковниот одбор.

Оттаму апелираа до гостите намерници при посета на црквата да се однесуваат во духот на христијанството.

-Апелираме да не се злоупотребува просторот околу и во самата црква, да се чува инвентарот и да не се врши никаква штета, бидејки се работи за една од најстарите цркви на овие простори, додадоа од црковниот одбор во с.Селник.

Црквата ,,Св Петка” во селото Селник е една од најстарите во Делчевско прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура.

Случајот како што додадоа од црковниот одбор е пријавен до надлежните органи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*