ЛИТУРГИЈА.МК за признавањето на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на останатите сестрински Православни Цркви

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е прифатена како канонска црква во православниот свет. Нема ниту една помесна православна црква која се противи на канонскиот статус на нашата црква. И оние помесни цркви кои сè уште немаат донесено официјална одлука за статусот на МПЦ-ОА, сослужуваат со неа.

Автокефалниот статус, доделен од Српската Православна Црква, го прифаќаат следните цркви:

Српска Православна Црква
Руска Православна Црква
Романска Православна Црква
Бугарска Православна Црква
Православната Црква на Чешките земји и Словачка
(Украинската Православна Црква)
Канонски статус, врз основа на одлуката на Српската Православна Црква, прифаќаат следните помесни цркви, без да прецизираат дали го признаваат автокефалниот статус:

Православна Црква на Полска
Грузиска Православна Црква
Антиохиската Патријаршија исто така го прифаќа канонскиот статус на МПЦ-ОА и има литургиско општење со неа, врз основа на своја одлука, во која не се наведува дали се прифаќа признавањето од Српската или од Цариградската Патријаршија. Статусот и името на нашата црква го оставаат за решавање на сеправославно ниво.

Признавање на канонскиот статус врз основа на одлуката од Цариградската Патријаршија, што подразбира неприфаќање на автокефалниот статус, имаат донесено следните цркви, кои изрично изјавуваат дека право за доделување на автокефалност има само Цариградската Патријаршија:

Цариградска Патријаршија
Православна Црква на Албанија
Слична одлука има и Православната Црква на Грција, која го поздравува враќањето на МПЦ-ОА во канонски статус, но нема донесено официјална одлука за меѓусебно сослужување со нашата црква, туку разгледувањето на ова прашање го имаат доделено на две синодски комисии, кои сè уште ги немаат објавено своите заклучоци. И покрај тоа, во неколку наврати до сега, имаше сослужување помеѓу клирици на Црквата на Грција и МПЦ-ОА.

Останатите помесни Православни Цркви немаат донесено одлука за признавање на МПЦ-ОА, но сослужуваат со неа. Тоа се следните Цркви:

Александриска Патријаршија
Ерусалимска Патријаршија
Православна Црква на Кипар
(Православна Црква во Америка)

Целиот текст прочитајте го подолу:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*