Наградата за НАЈГЛАСНИ во рацете на УЗ од СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево

📢Наградата НАЈГЛАСНИ🏆 во рацете на УЗ од СОУ,, Методи Митевски Брицо ” Делчево.
👏👏👏Горди сме на Вас, наградата е сосема заслужена и во вистински раце, знаеме дека сте најГЛАСни и продолжете такви какви што сте!.


📝Во тридневната обука нашите претставници од Ученичката заедница, Сара Ангелова, Вања Ѓеоргиевска и Лука Стоименовски работеа на размена на своите искуства и начин на финкционирање, се запознаа со главните цели и механизми на средношколско учество, ги претставија предизвиците со кои се соочуваат, креираа решенија за предизвици со кои се соочуваат ученичките заедници, изработуваа акциски план, подготовка на презентација, Team Building активност за тимска координација…

На третиот ден од настанот тие ја претставија работата на нашата ученичка заедница пред жири комисија и токму ним им припадна наградата најГЛАСни! 🏆

🏆 НајГЛАСни е прва и единствена награда за средношколско учество во нашата земја. Наградата ја добива една ученичка заедница која најмногу демонстрира активност и посветеност кон унапредување на училишната демократија.

Наградата за ученичко учество најГЛАСни! ја доделуваат LEAD, Фондацијата Конрад Аденауер, Сојузот на средношколци и Агенција за млади и спорт.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*