Софија Петровска освои 1 место на тениски турнир во Гетеборг

Убава вест ни пристигна од Шведска. Десетгодишната Софија Петровска чии родители потекнуваат од Македонија го освои првото место на турнир во тенис за јуниори до 12 години.

Турнирот го организираше тениски клуб од Гетеборг и се одржа на терените на Gothia, чија подлога најмногу и одговараше на Софија која во нејзиното први учество на ваков турнир забележа 3 победи од исто толку одиграни натпревари.

Секоја чест за овој успех на младата тенисерка и нејзините родители (таткото Тони е од Делчево, мајката Славица од Прилеп) кои вложиле во развој на нејзиниот талент.

На Софија и посакуваме уште многу први места и голем напредок во иднина, па здравје да ја видиме на некој од големите турнири.

Во продолжение фото галерија од турнирот кој се одржа на 01.04.2024.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*