Блиц интервју со членовите на новоформираниот бенд Аритмиа

Викендов пред делчевската публика со настап во Валиум Кафе ќе се претстави новоформираниот бенд Аритмиа. По тој повод направивме блиц интервју со членовите на групата кое може да го проследите во продолжение.

ДЕЛЧЕВО365: Кажете ни нешто повеќе за Аритмиа, од каде идејата, кој го сочинува бендот и во кратки црти нешто повеќе за самите членови?

АРИТМИА: Со оглед дека приватно се познаваме и се дружиме идејата за бендот произлезе спонтано како резултат на некои наши разговори /дискусии.

ДЕЛЧЕВО365: Веќе в сабота го имате и првиот настап, што ќе може да слушне публиката?

АРИТМИА: Репертоарот го креиравме како микс од повеќе стилови. : хеви метал, траш, хард рок, и ну метал теми изведени на начин карактеристичен за нас и нашиот музички израз.

ДЕЛЧЕВО365: На што ќе биде фокусот на групата, претпоставуваме за почеток со настапи пред домашната публика ќе го претставите она што го работите, а потоа и во други градови?

АРИТМИА: Сега за сега целата наша енергија е насочена кон претстојната свирка, а веќе работиме и на збогатување на репертоарот. Но, повеќе за тоа – после сабота.

ДЕЛЧЕВО365: Повеќето членови како што кажавме веќе биле дел од други групи, колку ќе биде значајно тоа искуство при вашите настапи?

ДЕЛЧЕВО365: За крај планирате ли свои песни и што ќе им порачате на делчевчани за претстојната забава?

АРИТМИА: Имаме планови, но за почеток сакаме да се фокусираме на настапот во сабота. Главна цел е да направиме добра свирка која ќе ѝ се допадне на публиката. Позитивниот одзив е наш приоритет.

Инаку групата ја сочинуваат Мартин Ангеловски – вокал, Марс Марсовски ( Зоран Андоновски) – Бас Гитара, Сашо Златков – Гитара и Благој Милчевски – тапани.

На ARITMIA им посакуваме успешен старт в сабота, а вас наши читатели ве покануваме на добра забава во Валиум Кафе.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*