Во Кочани се славеше Меѓународниот ден на литературата за деца, меѓу гостите и пехчевската библиотека ,,Кочо Рацин”

Градската библиотека ” Искра” од Кочани втора година по ред го реализира проектот: Славење на Меѓународниот ден на литературата за деца – Другарување со книгите ни е песна.

По тој повод ОУМБ” Кочо Рацин” од Пехчево учествуваше на Фестивалот на децата, книгата и музиката со учениците Теона Бојчовска,Филип Митровски и Теона Ставров кои се претставија со рецитал ” Безгрижно детство за сите”.

Благодарност до директорката и тимот библиотекари за честа нашата библиотека да биде дел од денешниот настан, истакнаа од МБ ,,Кочо Рацин” Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*