Никловски од Делчево: Даваме фер шанса за секој и со конкретни мерки нудиме иднина на младите дома

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денес заедно со заменик министерот, Трајан Димковски денес оствари работна посета на Делчево. Во рамки на посетата разговараше со производители на Градскиот пазар во Делчево, одржа кафе средба со земјоделци од делчевскиот регион, а оствари и посета на млади земјоделци запознавајки се со нивните успешни приказни. 

Во изјавата по завршувањето на посетата на погонот за призводство на макарони во с.Град, кој е отворен од страна на млади земјоделци повратници, Николовски рече дека како Министерство се води искрена грижа за секој земјоделец, давајки фер шанса за секој и со конкретни мерки се нуди иднина на младите дома во својата држава, во Македонија. 

-Уште од самиот почеток креиравме две нови мерки со поддршка од 10.000 и 20.000 евра за младите земјоделци, како мотив да започнат и активно да се вклучат во земјоделството. До сега вкупно 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката преку двете мерки за поддршка. Од нив 576 со грант поддршка од 10.000 евра и 262 со грант поддршка од 20.000 евра, рече Николовски.

Низ сите овие години, од 2017 до денес, преку сите мерки што ги имаат земјоделците на располагање, како што додаде Министерството има поддржано 2.689 млади земјоделци, со поддршка вредна 1,5 милијарди денари. Ја напомена поддршката во мерките за млад земјоделец, мерката за набавка на педигриран добиток, набавка на трактори, комбајни за жито, сушари и комбајни за ориз, системи капка по капка, силоси, мандри, опрема за тутун, поддршка за пчелни семејства, подигнување на лозови и овошни насади. 

-Само минатата 2023 година, преку мерките за поддршка на малите винарии, малите дестилерии и малите производители на храна, сме поддржале 49 млади земјоделци, кои успешно аплицирале ги реализиарале овие мерки, поддршка вредна 27,7 милиони денари, додаде Министерот.

Младите како што потенцираше добиваат можност за поддршка и преку ИПАРД програмата, во чија реализација сме земја лидер. Со ИПАРД 2 програмата Министерството како што додаде има поддржано  1.212 млади лица, кои успешно реализирале инвестиции вредни над 8 милијарди денари. Младите според  министерот имаат предност и поголем процент на кофинасирање со ИПАРД програмата, а со новата ИПАРД 3 програма тие имаат и нова можност за авансна исплата од 50% на одобрената поддршка веднаш по потпишувањето, за сите апликанти. 

-Имавме визија и покажавме дека можеме, и затоа планираме уште поголема поддршка за младите земјоделци.  За 50%, од 10.000 на 15.000 евра, го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци, кои сакаат да започнат со земјоделска дејност и дополнително обезбедуваме 40% авансна исплата. Младите земјоделци во првите 5 години од кога го превземаат земјоделското стопанство и се запишуваат во ЕРЗС, добиваат 100% пораст на дополнителните субвенции, додаде Николовски.

Тој најави продолжување на активностите за формирање Сојуз на млади земјоделци, како и посебна подсекторска група за млади, со кој во иднина, ќе се креираат уште повеќе мерки за поддршка на младиот земјоделец.

Министерството како што заврши има јасен план и посветено сите овие години работи на истиот, со конкретни мерки како да се задржат младите дома.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*