Работилница: Изучување на ромската традиција и култура

Во рамките на проектот ,, „Бидете во кругот“ – „BE IN THE CIRCLE“  се одржа работилница на тема: ,, Изучување на ромската традиција и култура“.

Ромите и Македонците имаат нешто повеќе од своето потекло, затоа што заедно имаме долга историја на заеднички соживот и постоење. Делчево треба да се гордее со долгогодишното живеење и негување на овие традиции и фолклорни одбележја и со што заедно ги негуваме благодетите на нашата голема ризница од фолклорни обичаи. Делчево е град на сите граѓани без разлика на нивната национална или верска припадност.

Денешната активност е планирана во рамките на проектот: „Бидете во кругот“ – „BE IN THE CIRCLE“ Учесниците во проектот млади лица од 15 до 25 години од низ песна и игра се запознаа со фолклорните одбележја , народните носии и традиции на македонската и ромската етничка заедница. Работилницата беше едукативна и интерактивна, беше една интегрирана содржина, како еден мултимедијален пристап, со презентации на делови од носии од ромската етничка заедница и од народни носии како и автентични носии за македонскиот етникум, истакна претседателката г-ѓа Ермина Реџепова од Невладината ТЕРНИПЕ МК Делчево. На работилницата присуствуваа и 15 млади лица од партнерската организација на проектот гостите од Пирот, Република Србија.

Културното наследство како што додадоа е главно прашање за секоја етничка група и со полно право, децата треба да го негуваат својот идентитет и преку културата и народните традиции да живеат и развиваат заедништво, љубов, почит преку разни веселби, по разни поводи преку песни и ора, да се почитуваат.

Проектот е финансиран и подржан од „WB Youth Culture Fund“ suooorted by the German Federal Ministry of Foreign Affairs and implemented by RYCO, („Младински културен фонд на ЗБ“поддржан од Германското федерално, министерство за надворешни работи и имплементиран од RYCO)                       

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*