Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски оствари прием по повод Светскиот ден на Ромите

На сите припадници на Ромската етничка заедница, им го честитам денешниот празник, 8-ми април-Светскиот ден на Ромите и посакувам многу здравје, среќа, успех и продолжување на соживотот со ромската заедница, како и реализација на уште многу успешни проекти за подобрување на животот на Ромите.

Во изминатиот период, заеднички работевме на приоритети за подобрување на животот на сите граѓани, одредени проекти беа насочени кон подобрување на животот на сите граѓани, но имаше и многу проекти, кои беа насочени, исклучиво кон унапредување на животот на граѓаните од Ромската етничка заедница.

Вложуваме средства за реализација на проекти, од комунална и патна инфраструктура, подобрување на социо економската положба, олеснување на образновниот процес, урбанизација, легализација, домување, водовод и канализација, при што овозможуваме елиминација на разликите и континуирано го подобруваме животот на Ромите во Берово.

Во чест на Светскот ден на Ромите, 8-ми април, а во соработка со КУД ,,Димитар Беровски’’ од Берово, остварив прием на претставници од Ромската етничка заедница, заедно со претставници од КУД ,,Димитар Беровски’’ .

Преку програмата за орбазование, на најдобрите ученици Роми, од основното и од средното образование, ќе им бидат доделени парични средства.

Водени од големата европска идеја ,,Обединети во различностите” и понатаму продолжуваме во надминување на проблемите и постигнување на целта, едно општество за сите и сплотени ги остваруваме приоритетите на Ромската заедница.

Овој ден, е само уште еден поттик, кон зајакнување на меѓуетничката соработка и градењето на мултиетничко општество, а постигнатите резултати, претставуваат мотив за понатамошен заеднички ангажман, кој ќе се стреми кон подобрување на повеќе аспекти од животот на Ромите.

Со целосна почит кон припадниците на Ромската етничка заедница, на сите, Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите- 8 април, еден од најважните датуми во историјата на овој народ и посакувам добро здравје, среќа, успех и многу позитивна енергија.

Bahtalo 8 April!, истакна Пекевски во својата објава на фејсбук.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*