Денес муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина.

Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата

На сите граѓани од Општина Делчево од муслиманската верска заедница кои го слават денешниот празник им посакуваме добро здравје, многу среќа, љубов и успех во животот

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*