📽 Втора награда за ,,Копачка” на 28-от Фолклорно-изворен фестивал ,,Гајда” во Ињево

Ден за паметење. Со посветеност, редовни проби, тимско работење, но и со радост и леснотија членовите на Фолклорната група ,,Копачка” го спакуваа својот настап за 28-от Фолклорно изворен фестивал „Гајда“ Ињево 2024.

Автентичната изведба на пијанечкиот изворен фолклор се состоеше од: Обичај „Жетвари“, со песната „Снце се слага да зајде“ во исполнение на Вида Илиевска, потоа со придружба на Мирко Симоновски на тамбура, жените го изведоа орото „Копачката“, по што тапанџиите направија езгија на тапани и мажите ги изиграа ората „Ситно“ и „Копачка“со Адријан Стаменовски-прв тапан и Ана, Матеј и Николче- придружба
Ден преполн со емоции, радост и среќа.

Нивниот извонреден настап, беше поздравен со бурни аплаузи од жирито и публиката. Во преголемата конкуренција, на десетина македонски ансамбли од трите доделени награди, Копачка ја доби втората.

-Гордост, чест и задоволство беше, да се биде денес во Ињево и да се доживее еуфоријата на прекрасно доживување кое заврши со славење. Искажуваме благодарност на домаќините на фестивалот- Здружението за фолклор и традиција „Ињевска гајда“, за прекрсната организација на овој обновен фестивал, како и на жирито кое знаеше да ги препознае вредностите во нашата изведба, истакна претседателката Перса Стојановска.

Погледнете го настапот на фолклорната група ,,Копачка” од с.Драмче, Делчево, чии играорци на 28-от изворен фестивал ,,Гајда” во Ињево го освоија Второто место.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*