Во Делчево се одбележуваат 100 години од раѓањето на Методи Митевски – Брицо

Со пригодна свеченост, денеска делчевската гимназија „М.М. Брицо“ го одбележа својот патронен празник и прослави 100- години од раѓањето на патронот, истакниот делчевски првоборец и организатор на НОБ, Методи Митевски-Брицо и 63 години од постоењето на делчевската гимназија.

Одбележувањето на патронот започна пред споменикот на Брицо во школскиот двор, каде делегација од Општина Делчево, делегација од СОУ „М.М.Брицо“, како и делегации од институции од Делчево се поклонија и положија свежо цвеќе.

Методија Митевски Брицо е роден во Делчево на 15 април 1924 година, а загинува во водата на Охридското Езеро во 1962 г. Тој е првиот секретар на националниот комитет на Малеш и Пијанец, претседател на Штипската и Малешевската околија, секретар на околниот комитет на КПМ во Битола. Брицо зазема доста високи функции во владата на Македонија како секретар, а во 1960 год. е наименуван за државен секретар по земјоделие и шумарство, а истовремено и потпретседател на извршниот совет во Македонија и како член на Политбирото ЦК ЦКМ, и пратеник на Народното собрание на Македонија. Тој добивал и повеќе ордени меѓу кои најзначајни се: Орден за заслуги за народот од II ред и Орден братство и единстви од II ред. Брицо живеел 38 години од неговиот живот, но целосно посветен за Македонија. Тој несреќно загинува во водите на Охридско Езеро.

Честит патронен празник до сите вработени и ученици во СОУ „М.М.Брицо“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*