Апел за внимателно возење поради одрони на патот Делчево – М.Каменица

Појава на одрони утрово регистрирани на патот Делчево – Македонска Каменица. Одроните се наоѓаат кај месноста Баткова Чешма на околу 7 километри од Делчево. Од Македонија Пат апелираа внимателно движење долж овој патен правец.

-Врнежливото време во комбинација со теренот знае да предизвика вакви појави, бидејки се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави. Затоа апелот е да се вози внимателно со почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината, информираа од Македонија Пат.

Поради дождот кој утрово започна да паѓа со посилен интензитет во Пијанечко-Малешевскиот регион се вози по влажни коловози

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*