Делчево домаќин на Регионалниот Саем на науки ,,Науката и јас”

Делчево и деветолетката ,,Св.Климент Охридски” денеска беа домаќини на настанот „Науката и јас“, проект на Џонсон Мети Скопје во партнерство со Македонија 2025, невладина организација која го поддржува економскиот и лидерскиот развој во земјата.

Како што истакна Нена Манчев, проектен раководител од организацијата Македонија 2025, Џонсон Мети е општествено-одговорна компанија, која преку ваков тип на проекти влијае позитивно во заедницата, во делот на подигање на свеста кај младите и подобрување на образованието.

-Во крајна линија влијае кон засакување на науката, природните науки и слично. Со оваа иницијатива се радуваме дека младите ќе бидат инспирирани мотивирани и ќе истражуваат понатаму во овие области. На Саемот има 4 училишта присутни, но во рамки на самата програма ќе опфатиме 20 училишта од целата држава, рече Манчев.

Регионалниот саем на науки, како што додаде таа, претставува годишна иницијатива, со надеж дека ќе продолжи настанот традиционално да се организира и во другите градови од државата.

За директорот на училиштето домаќин, Горан Димитровски чест и задоволство е да се биде домаќин на настан, чиј концепт е
приближување на природните науки до учениците.

  • Целта е да се мотивираат учениците да ги изучуваат природните науки, да се научат кон нивното понатамошно образование преку, интерактивни експерименти и демонстрации, од страна на наставниците кои имаат важна улога да ги мотивираат во за изучувањето на природните науки, рече Димитровски.

Саемот според делчевскиот градоначалник Горан Трајковски претставува клучна работа за подоцнежното образование на учениците и за нивниот професионален развој, за да можат успешно да впловат во водите на науката, технологијата, инжинерството и математиката, односно глобалната STEM програма.

-Само со разбирање и апликација на природните науки можеме да ги решиме многуте предизвици пред кои стоиме во современиот свет. Овој проект на Џонсон Мети и Македонија 2025 ќе влијае во голема мера за подобрување на образованието, иновациите и одржливиот раст во земјава.
А како што вели и генералниот директор на Џонсон Мети за Европа Боријан Боризанов – Наша колективна одговорност е да ја негуваме следната генерација научници и иноватори, а јас на тоа ќе додадам, тоа се луѓе кои што ке бидат генератор на идниот развој и на нашата држава и на целото општество воопшто, рече Трајковски.

Упати благодарност до организаторите за поддршката на овој проект и изрази надеж дека со заеднички напори во иднина ќе биде остварена целта на овој проект. За учесниците во денешниот настан од страна на училиштето домаќин и Општината беа доделени пригодни награди.

Во продолжение погледнете го 30 минутното видео поделено во два дела заедно со изјавите како на организаторите, училиштето домаќин и градоналникот на Општината, така и на наставничките и претставници на Џонсон Мети:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*