Иселеници од с.Град со иницијатива за поставување осветлен Крст на тврдината ,,Градиште” (Скалата)

Иселеници по потекло од делчевското село Град започнуваат иницијатива за поставување Свет Крст на тврдината Градиште (Скалата) над самото село. Во нивната објава по повод овој потфат се вели:

Почитувани другари пријатели и сограѓани од Село Град

Подолго време имам една идеја која би сакал да ја споделам со Вас.

Како иселеници од селото, сакам за оваа година најдоцна до Август, да поставиме Свет Крст на Калето (Скалата) во Село Град, што ќе ја симболизира нашата вера и посветеност како иселеници од нашето Село Град.

На многу места во Македонија има вакви поставени Крстови кои вечер се осветлени па мислам дека и нашето село тоа го заслужува, покрај тоа Калето како локација би била идеална и многу би го разубавиле целиот простор покрај Кулите.

Проектот за крстот е превземен од веќе изградениот Крст во село Истибанја Виничко и има димензии од 9 м Висина и 6 м во широчина.

Самиот Крст би била инвесиција од околу
2000 € потребно е дополнително уште средства да поставување на темелите, Кабел и Сончев Панел за осветлување како и Јарбол со Знаме, во зависност од собраните средства би можеле да се постават и клупи за седење или можеби да се изгради Летниковец.

Мислам ако собереме 3000. € би била солидна сума за реализација на целиот проект. За таа цел би сакал да ве замолам да се организираме и кој колку може да донира парични средства за идејата до Илинден да ја реализираме и Крстот за време на летниот одмор да го осветлиме.

Во прилог слики од проектот и како веќе изгледа во Истибања.

За донации можете да ме контактирате мене или по региони да се организираме.

Заедно сме посилни.

Со почит Илчо Кацарски , се вели во објавата на групата Иселеници од с.Град.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*