Епископот Делчевско-каменички г.Марко за ,,Цветници” богослужеше во Македонска Каменица

Денес, кога православната црква го празнува празникот Цветници, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко, во сослужение на свештенослужители од епархијата отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. Епископот одржа пригодна беседа во врска со денешното Свето Евангелие, во која го протолкува денешниот настан. Верниот народ за време на Литургијата ги прими Божествените дарови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*