Велигденски концерт вечерва во Делчево

Во пресрет на велигденските празници, НУЦК,,Никола Јонков Вапцаров“ Делчево организира ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ.

На концертот ќе настапат Фолклорната група при НУЦК ,, Никола Јонков Вапцаров “ Делчево и нашите долгогодишни соработници Културно уметничко друштво ,, Вера Јоциќ “ од Македонска Каменица .

Велигденскиот концерт ќе се одржи на 29.04.2024 година (понеделник) во Сала Спомен Дом АСНОМ со почеток од 19 часот.
Влез:150 денари

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*