Со цртање мурал младите од Делчево ќе ја пренесат пораката за чиста животна средина

На 29.04.2024 година (понеделник) 30 средношколци од Делчево ќе спроведат акција за подигање на свеста за заштита на животната средина.

Преку креативен активизам цртање мурал, младите ќе ја пренесат пораката против загадувањето и ќе промовираат чиста животна средина за сите граѓани на Општина Делчево.

Муралот ќе се црта на ѕидот на потпорниот ѕид кај деветолетката Св.Климент Охридски на Делчево со почеток во 12:00 часот, а во иницијативата ќе учествуваат над 20 средношколци.

Акцијата ја спроведува Организацијата „ЖЕНА” од Делчево, во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности и проектот Заедно за просперитетна заедница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*