Со цртање мурал младите од Делчево упатија порака за почиста животна средина

Група  средношколци од Делчево денес спроведоа акција за подигање на свеста за заштита на животната средина. Преку креативен активизам цртање мурал, тие ја пренесоа пораката против загадувањето, промовирајки чиста животна средина за сите граѓани на Општина Делчево.

Акцијата како што истакна активистот Зоран Биковски,  ја спроведува Организацијата „ЖЕНА” од Делчево, во рамки на активноста на УСАИД за млади, кои активно создаваат можности и проектот Заедно за просперитетна заедница.

-Во акцијата се вклучени младите од дебатниот клуб и од Клибот на артивизам, Организацијата ,,Жена” и сите млади кои сакаат да испратат порака дека многу е важно да живееме во чиста животна средина и дека треба да се однесуваме со љубов кон животната средина, дека ние заедно живееме и твориме во оваа средина. Токму заради тоа, овие млади со нивниот аритивизам, со нивниот уметнички израз, истакнуваат порака не само до општината, не само до институциите дека сите треба да бидеме одговорни кон животната средина, рече Биковски.

Муралот се црташе на ѕидот на влезот на Делчево, а во иницијативата учествуваа над 20 средношколци, како и претставници на Младинскиот образовен форум од Скопје.

-Јас сум Панде Евтимов од МОФ Скопје. Денеска сме тука заедно со организацијата Жена од Делчево, со која сакаме да спроведеме иницијатива акција за почиста животна средина. Ова е резултат на подолг процес за кој се спремаа младите членови од Артивизам клубовите од Делчево и ова е фактички целиот финален план на работа од се она што се случуваше во изминатиот период, рече Евтимов од Младинскиот образовен форум.

Активноста е дел од проектот ,,Заедно за просперитетна заедница” кој е поддржан од Ромалитико

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*