Делчево чествува 121 година од погибието на великанот Гоце Делчев

Пред споменикот на Гоце Делчев во центарот во Делчево со пригодна програма денес се одбележаа 121 годишнината од смртта на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

Настанот започна со литературно читање за животот и делото на Гоце Делчев од страна на членовите на КУД „Гоце Делчев” по што следуваше полагање на букети од свежо цвеќе.

Делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претставници на политички партии, здруженија на граѓани, локални институции и училишта положија свежо цвеќе на споменикот на овој великан оддавајќи почит на неговото дело и жртвата која ја дал за слободна Македонија.

По повод 121 година од погибието на великанот вечерва во организација на ВМРО ДПМНЕ, Општински комитет Делчево ќе се одржи трибина Современ контекст на идеите на Делчев ,,Нашата улога во борбата за која тој се залагаше”. Настанот ќе се одржи со почеток во 18:00 часот во Спомен дом АСНОМ во Делчево. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*