ВИДЕО: Православните христијани од Делчево го дочекаа Воскресението Христово

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!!!

На најголемиот христијански празник Воскресението Христово, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско – каменички г. Марко, во сослужение на свештенослужители од епархијата началствуваше Воскресната велигденска богослужба која започна по полноќ, во храмот,,Успение на Пресвета Богородица” во Делчево.

После Литургијата верниот народ кој беше во голем број ги прими Светите Дарови а епископот на сите присутни им подели велигденски јајца.

Истиот ден со почеток во 12 часот на пладне, епископот заедно со свештенството началствуваше со вечерната на која се читаше Свето Евангелие според Јован 20 глава, на повеќе јазици.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*