Делегација од Општина Делчево на Велигденска богослужба во Луксембург

Делегација од Општина Делчево ја заврши посетата на Луксембург, каде на покана на наши иселеници присуствуваше на Велигденската богослужба, која се одржа во православната црква Св.Никола, во градот Вил-Ла-Тур (Weiller La Tour) во Луксембург.

Во рамки на посетата која градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски  и советникот за Локален економски развој Тони Стоименовски ја остварија со иселениците, се разговарало за потребите и проблемите кои ги имаат иселениците при нивниот престој во Делчево, претставени биле сработените проекти од страна на општината и идните планови во делот на инфраструктурата.

-Меѓу останатото разговарано е и со заинтересирани сограѓани од Луксембург за можностите за инвестирање во Делчево. Со градоначалникот Трајковски остваривме средба и со амбасадорот на РСМ во Брисел,  на која исто така разговаравме и за потребите и проблемите на Македонците во овој дел од Европа, истакна Стоименовски.

Иселениците како што информираше советникот за локален економски развој ја истакнале идејата и иницијативата за отварање на здружение, кое ке ја зголеми соработката  на дијаспората од Луксембург со Делчево.

Во рамки на посетата како што додаде, посетени биле значајни културно-историски знаменитости и институции на Луксембург, а во знак на благодарност за поканата, Трајковски на свештенството при црквата Св Никола доделил пригодни подароци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*