На повеќе локации во Делчево се слави Ѓурѓовден

На повеќе локации во делчевското село Вирче денес се славеше празникот Ѓурѓовден. Најмасовно празникот се одбележа во селото Вирче кај месноста Ѓурѓов Даб и манастирот посветен на Св.Георги, а одбележување имаше и во селата Град и Киселица каде исто така црквите го  носат името на светецот.

За Исус Десподовски од село Вирче најважно е што традицијата продолжува и покрај тоа што стариот даб пред околу 30 години беше опожарен.

-Овде на Ѓургов Даб кој беше опожарен традицијата да се собираат верниците за Ѓурѓовден останува. Организатори се од село Вирче  месната заедница, црковниот одбор од с.Вирче, има е некаде 11 брави јагниња за ручек, има гости од секаде од цела Македонија, поздрав до сите православни верници од дијаспората и цела Македонија, истакна Десподовски.

Манастирот Св.Георги е изграден по 2000 година и оттогаш постепено се уредува. 

-Направивме поголем објект во случај на дожд да има луѓето каде да се засолнат  не довршен но оваа година планираме да го завршиме, манастирчето да го осветиме. Колку толку нашето население активно учествува со помош, имаме донации има е деца по странство кои донираат, се залагаме и ќе го доправиме, вели еден од мајсторите кои учествуваа во неодамнешната доградба на тремот во близина на манастирот.

За присутните организаторите подготвија пригодна музичка фолклорна програма со настап на Фолклорната група ,,Копачка” додека Ѓурѓовден продолжува да се слави и вечерва со настап на естрадната уметнилка Стојне Николова. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*