Шест владици богослужеа за Марковден во црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево

Шест владици денес учествуваа на Светата божествена литургија одржана во храмот Успение на Пресвета Богородица во Делчево по повод празникот посветена на апостолот и евангелист Св.Марко. Неговото преосвештенство г. Марко епископ на делчевското каменичката епархија кој го носи името на апостолот, изрази благодарност до владиците кои учествуваа на литургијата и верниците со своето присуство збогативајки го денешниот настан.

-Упатувам благодарност до митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован,  Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото преосвештенство епископот Дељадровско – илинденски г. Јоаким, Неговото Преосвештенство епископот Дремвитски г. Давид и Неговото Преосвештенство епископот Стобиски г. Јаков кои го збогатија денешното чествување на апостол Марко. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и с ѐ добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда, истакна г.Марко.

Епископот на Делчевско-каменичката епархија на верниците им го честиташе Велигден, упатувајки порака уште многу години верниците да го празнуваат насјветлиот датум во христијанството. 

Воедно изрази благодарност на градоначалникот на М.Каменица Димчо Атанасовски кој присуствуваше на литургијата, за неговото како што рече епископ г Марко, залагање за изградба на резиденцијата на свештениците во М.Каменица, чии градежни работи се во тек. 

Литургијата заврши со делење нафора на верниците и доделување црковни сувенири во знак на благодарност за присуство на богослужбата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*