Јорданка Новоселска и Марина Лазарева најхумани медицински сестри во Делчево и Македонска Каменица

Во Делчево започнува одбележувањето на Неделата на сестринството. По тој повод денес беа доделени признанија на најхуманите медицински сестри од Делчево и Македонска Каменица.

-Оваа година избравме една медицинска сестра од здравствениот дом во Делчево и една од здравствената станица во М.Каменица. Во здравствениот дом Гоце Делчев во Делчево за најхумана медицинска сестра едногласно е избрана Јорданка Новоселска, додека во здравствената станица во Македонска Каменица, најхумана сестра е Марина Лазарева, истакна Сузана Пановска од делчевското  здружение на медицински сестри која им ги додели признанијата на наградените.

Оваа година за прв пат, Здружението на медицински сестри како што додаде дозволи во здравствените домови да се зголеми бројот на избрани хумани сестри.

-За прв пат годинава можевме да бираме две најхумани медицински сестри, на задоволство на самите сестри. Да споменеме и тоа дека годинава мотото на здрижението на медицински сестри е ,,Вистинско време за движење напред” инвестиција во сестринството за здрава нација, додаде Панова.

Одбележувањето на Денот на сестринството започнува на 5 мај со Денот на акушерките, а завршува на 12 мај со Денот на медицинските сестри. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*