,,Мојата убава кукла” – Работилница за запознавање на најмалите со народните носии

„Мојата убава кукла“ беше насловот на работилницата што денес ЈЛБ„Илинден“-Делчево ја организираше со 15 девојчиња.Сите имаа можност да ги разгледаат и да си поиграат со 28 кукли облечени во различна народна носија.

Се запознаа со секоја носија , од каде потекнува и кој народ ја носи. Девојчињата им дадоа имиња на сите кукли и избраа три најубави. Повеќето од нив за прв пат имаа можност да видат вакви кукли.Беше интересно, радознало и возбудено.

Им благодариме на сите учесници во работилницата и на оние кои беа дел од неа – малите слатки девојчиња, но и на оние кои ни помогнаа во реализацијата- нивните родители.
Народните носии имаат долговековна традиција. Тие се дел од материјалната култура на секој народ и претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво. Создавани како колективна придобивка на секој народ тие во долга низа години се пренесувале од поколение на поколение и во својот развоен пат во себе вклопиле многу елементи од разните културни влијанија.
Во долготрајниот процес на оформување на народните носии во Македонија учествува сиот македонски народ-творец и создавач на народните носии. Во нивното оформување се одразени разните историски, општествени, економски и културни настани. Различните културни влијанија низ вековите, во различни историски епохи, се примани во народните носии, преработувани со творештвото на народното сознание, прилагодени на народниот бит и начин на живот, развиени и усовршени со народните естетски сфаќања. Така се создале народните носии во Македонија како израз на народните колективни, естетски и психички диспозиции.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*