Волонтерите на Црвен Крст Делчево обезбедија пласман меѓу 5-те најдобри во државата на натпреварот по Прва Помош

Горди на постигнатиот успех на нашите волонтери!!

Денес, на Регионалниот натпревар кој се одржа во Радовиш, на кој учествуваа екипи од 16 Општински организации во кои и нашата ООЦК Делчево обезбеди пласман помеѓу 5те Најдобри екипи кои на Државниот натпревар во Септември ке ги измерат силите и ќе ги покажат своите знаења од областа на Првата помош.

Големо БРАВО за: Елена Аралампиевска, Емануела Новоселска, Кристијан Димитровски, Столе Златковски, Сара Ангелова и Анастасија Ќурчиска.

Животот е дар, а спасувањето живот безценета одговорност на секој од Нас!

Ова е доказ дека хуманоста ја отсликува големината на еден човек, а нашите волонтери се производ од вистинските принципи на Црвениот крст.🏥⛑️🩹

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*