Отворена изложба на карикатури од проф.д-р Јордан Ѓорчев во Делчево

 Во Делчево отворена изложба на карикатури од проф.д-р Јордан Ѓорчев, карикатурист, сликар, поет и писател и основач и сопственик на Славјански универзитет во Свети Николе и Битола. На изложбата која ќе биде отворена во наредните десетина дена се поместени актуелни карикатури кои Ѓорчев ги работел во изминатата година.

-Оваа изложба е поместена од Македонска Каменица, таму беше поставена по повод фестивалот ,,Јаков од Камена Река”. Некои од овие карикатури се отпечатени во моите книги, а во новите книги ќе бидат најновите од 2024 и оние објавени на Тик Ток и Инстаграм кои што ги објавувам секојдневно, рече Ѓорчев.

Карикатурите на Јордан Ѓорчев како што кажа проф.д-р Кирил Трајчев кој присуствуваше на изложбата се специфични затоашто обработуваат нешто што стана раритет на иметничката сцена.

Од друга страна според него претставувуваат карикатури, кои се актуелни, не само во еден момент кога се создадени, туки во себе содржат нешто посуптилно и нешто потрајно.

Организатор на изложбата е Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров” од Делчево 

-Сакам да се заблагодарам на сите кои дојдовте да ги видите овие карикатури кои се надевам ќе ви бидат поттик да работите на нешто слично во иднина, рече директорот на установата Љупчо Петровски.

Изрази голема благодарност до директорот на фестивалот Јаков од Камена Река, Миле Ѓорѓијоски кој овозможи оваа изложба да биде поставена во Делчево. На крај Алекдандар Белогаски од НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” изрази надеж дека наскоро делчевската публика ќе има можност да ги види и книжевните дела на Ѓорчев.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*