Интервју со Катица Тасева – Трајкова, сопственик на био-хемиска лабораторија Акус Медика

Акус Медика е една од ретките здравствени установи во Делчево, регионот и пошироко, која минатата година одбележа 25 години јубилеј и како таква е една од лабораториите кои нуди широк спектар на услуги.

Искуствата на пациентите од работата на лабораторијата велат дека станува збор за здравствен субјект кој во голема мера ги следи модерните текови во својата област, правејки ја препознатлив бренд на овие простори.

Поради ова Делчево 365 како портал направи интервју со Катица Трајкова Тасева, Дипломиран Инженер по биохемија, сопственик на лабораторијата АКУС МЕДИКА, интервју кое во целост може да го проследите во продолжение:

Делчево 365: Иако со задоцнување честитки за јубилејот, кажете ни нешто повеќе за почетоците на лабораторијата АКУС МЕДИКА

Катица Трајкова Тасева: Акус Медика започна со работа на 01.10.1998 година и лабораторијата беше четврта по ред приватна лабораторија во Македонија. Во овој период од безмалку 26 години работа, како сопственик се трудам лабораторијата да функционира како современа лабораторија која ги следи сите новитети и технолошки достигнувања во оваа област и мислам дека досега успешно се справуваме со сите предизвици и ја оправдуваме довербата на нашите пациенти и дека сме препознатлив бренд на овие простори. Моментално лабораторијата работи со два тима, јас и колешката Ана Иванова која е исто дипл.инг по био-хемија и све лаборантки Жаклина Стоименовска и Севда Реџепова.

Делчево 365: Може ли да ни кажете нешто повеќе за анализите на кои работите, имајки предвид дека тоа е дел од вашата работа?!

Катица Трајкова Тасева: Ова е биохемиска лабораторија и во неа се работат биохемиски, хематолошки, имунолошки анализи од крв и комплетен преглед на урина. За сите анализи кои се на LU1 упат од матичен лекар имаме договор со ФЗО РСМ и пациентите плаќаат партиципација максимум 175 денари. Како информација за пациентите можам да кажам дека соработуваме со повеќе дијагностички лаборатории и за поспецифични анализи кои не ги работиме тука, земаме и праќаме материјал кој се работи таму, така да пациентот треба само да дојде во лабораторијата кај нас, да му се земе крв и за неколку дена да го добие резултатот. На овој начин им олеснуваме на пациентите ако не се во можност или не сакаат да патуваат за Скопје пример, да добијат резултат за одредена анализа.

Делчево365: Начинот на утврдување на точност на резултатите е нешто што сигурно би го интересирало секој пациент. Која е постапката за тоа?

Катица Трајкова Тасева: Како одговорна лабораторија за која императив е точноста на резултатите и нивното навремено издавање, сакам да ги информирам пациентите дека секојдневно вршиме внатрешна и еднаш месечно надворешна контрола и можам слободно да кажам дека резултатите од надворешната контрола се со 98-100% точност, што може да се види од сертификатите кои ги добиваме веќе 10 години. Значи да потенцирам: пациентите можат да бидат сигурни дека резултатот кој го добиваат одговара на нивната моментална патофизиолошка состојба.

Делчево365: Рековте лабораторијата ги следи новитетите, па во тој поглед што е она што е актуелно, а е од корист и треба да го знаат пациентите?!

Катица Трајкова Тасева: Како што напоменав, постојано се трудам да им нудиме нови услуги на пациентите, а моментално новина е тоа што земаме материјал за алергиски тестови, анализи за кои пациенти мораа да одат во Штип или Скопје. Алергиите се во поеаст во последно време и многу е важно навреме да се открие за да може да се третира. Многу често причина за постојана и долготрајна кашлица, течење на носот, солзење на очите или промени на кожата може да е алерген кој го вдишуваме или внесуваме со некоја храна. Со овие тестови кои се прават преку крв, неинвазивна метода, може да се откријат најчестите причинители за алергија. Малата количина на серум која се користи овозможува да се прават и на бебиња на кои им се зема крв од прстето.

Делчево365: Која би била пораката до читателите на Делчево365?

Катица Трајкова Тасева: Се надевам дека граѓаните препознаваат квалитет и ќе ни ја дадат довербата да бидеме дел од дијагностиката при одредени здравствени проблеми, со што ќе им помогнеме во одржување добра здравствена состојба.
Ви благодарам за просторот кој ни го отстапивте и сакам на сите граѓани да им посакам добро здравје и да ги потсетам дека кога имаат потреба од лабораториски анализи, лабораторија Акус Медика е секогаш тука за нив.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*