,,Генералка викенд” овој викенд во Пехчево

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански ја објави локацијата каде овој викенд ќе се спроведе акцијата Генералка Викенд. Истата е закажана за в сабота (18.05.2024) со почеток во 10:00 часот.

-Почитувани граѓани, Ве повикуваме да земете учество на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНДОТ каде што ќе покажеме грижа за градот и неговата чистота. На оваа акција може да ни се приклучат сите заинтересирани граѓани, граѓански организации, општествено одговорни компании и јавни институции.

➡️На ден: 18 Мај (сабота) 2024,
➡️Почеток: 09:00 часот,
➡️Место: Плоштад Св. Петар и Павле, се вели во објавата на Китански.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*