Света божествена литургија во с.Стамер по повод Св.Пророк Еремија

На 14 – мај Православната Црква го празнува споменот на Свети пророк Еремија, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско – каменички г. Марко, отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на ,,Свети пророк Еремија” во с. Стамер – Делчево.

За време на Светата Литургија епископот одржа пригодна беседа во која накратко го појасни житието на овој пророк, кој живеел неколку векови пред раѓањето Христово. Истакна дека малку православни храмови има посветено на овој голем пророк.

Исто така, упати кратки поуки до верниот народ околу традиција на соборите и ја појасни вистинската смисла и правилното сфаќање истите. Всушност секој ваков собир вистинската смисла ја добива само доколку сите верни живо учествуваат во Светата Литургија и на тој начин заедничарат со Христа.

Свети пророче и претходниче Христов, моли го Бога да ги спаси душите наши.

По Светата Литургија епископ Марко ги посети децата во основното училиште ,,Свети Климент Охридски”, кое се наоѓа во непосредна близина на храмот посветен на ,,Свети пророк Еремија” во с. Стамер – Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*