Статуетката за ,,Најгласна” ученичка заедница доделена на тимот од СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево

Ученичката заедница на СОУ „Методи Митевски – Брицо” – Делчево денеска ја доби статуетката како Најгласна ученичка заедница за 2023/2024 година.

Нагдрадата им ја доделија претставници на организацијата LEAD кои со ученичката заедница разговарава за идеи за подобрување на ученичкото учество во учебната 2024/2025 година.

-Ученичката заедница е позитивен пример за вклучување на учениците во раководење на училиштето но и во претставување на ученичкиот глас, истакнаа од LEAD во својата објава на фејсбук.

најГЛАСни! е годишна награда за средношколско учество која се доделува на Ученичката/те заедница/а која придонела најмногу за ученичкото учество во своето училиште.

Наградата ја доделува LEAD во соработка со Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje, а е поддржана од Сојуз на средношколци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*