Македонска Каменица домаќин на 22-та Регионална ревија на песни, музика и игри

Здружението на пензионери од Македонска Каменица денес беше домаќин на Регионалната ревија на песни, музика и игри на која учествуваа претставници од 6 здруженија на пензионери од Регион 1 (М.Каменица, Кочани, Виница, Делчево, Берово и Пехчево). Настанот го отвори  претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова која истакна дека овие тевии се врв на пензионерското организирање 

-Ооваа регионална ревија е една од 8-те регионални ревии организирани во државата. Една од главните цели и мисии на Музичките ревии кои се врв на пензионерското организирање е да се сочува нашиот национален фолклор, кој што во себе содржи два збора тоа е народ и мудрост. Денеска тоа беше презентирано од сите учесници кои носеа разновидни носии, накит и друго, нешто што претставува успех за самите здруженија и за масовното учество на овие ревии. Учеството на овие ревии значи пензионерите активно да го поминуваат третото доба, рече Трајкова потенцирајки ја полната сала во Македонска Каменица кој според неа прераснува во модерен, урбан, современ град, во кој секој сака повторно да се врати.

Јаворка Соколовска, претседателка на ЗП од Македонска Каменица изрази задоволство што како домаќини ја оправдале довербата која ја добиле од Сојузот на здруженија на пензионери кои им ја довериле организацијата на Регионалната ревија на песни, музика и игри.

-Голема чест и задоволство ми е што ни ја доделија одговорната задача, а како здружение покажавме дека може да бидеме добар домаќин на 22-рата по ред ревија за првиот регион во Македонија. Им посакувам пред се сите понатаму да имаат успех и безрој радосни моменти во понатамошниот живот, рече Соколовска.

Денешниот ден за еден од највозрасните учесници на Регионалната ревија е посебен  ден, или како што го нарече празник на сите пензионери.

-Сите се весели, сите ,,ќефни”, не знае кој што да направи и изведе на сцената. Јас од 1972 сум меѓу првите членови на нашата играорна група во наша Каменица. Се радувам што има кој да не наследи, малку сме послаби со машка група, но жени играорки имаме во изобилство, истакна еден од најстарите членови на ЗП од Македонска Каменица.

На настанот присуствуваше и градоначалнкот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, кој рече дека како градоначалник ќе продолжи да ја негува одличната соработка со здружението, кое според него е доста активно и придонесува во организацијата на голем број настани, значајни за општината и пензионерите од овој град.

Техничка поддршка за ваквите и слични настани изрази и Ванчо Велиновски, директор на Домот на култура од Македонска Каменица.

На крај од настанот беа доделени благодарници за сите учесници, а на Регионалната ревија на песни, музика и игри и претходеше дефиле низ улиците во Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*