Одбрани најдобрите десет матуранти и првенецот на генерацијата во СОУ „М.М.Брицо“

Магдалена Георгиевска, ученичка од 4-2 клас во СОУ „М.М.Брицо“, е прогласена за првенец на генерацијата од завршните класови. Ова е одлуката на Комисијата составена од професори од училиштето која ценејќи ги постигнатите резултати и успех во досегашното образование, го одбра првенецот на генерацијата од завршните класови, како и најдобрите 10 матуранти кои ќе добијат наградно патувањето низ Европа, награда која традиционално ја доделува Општина Делчево на 10-те најдобри матранти во СОУ „М.М.Брицо“.

По претходно спроведена постапка, критериуми, утврдени во Правилникот за истакнување , пофалување и наградување на ученици од страна на Комисијата формирана за таа цел во СОУ „М.М.Брицо“ беа избрани следните ученици:

  1. Магдалена Георгиевска, ученичка во 4-2 клас
  2. Дамјан Маневски, ученик 4-2 клас
  3. Симона Ќурчиска, ученичка во 4-1 клас
  4. Ина Мишева, ученичка во 4-2 клас
  5. Ива Ивановска, ученичка во 4-2 клас
  6. Теодора Тодоровска, ученичка во 4-2 клас
  7. Филип Петровски, ученик во 4-1 клас
  8. Дариа Спасевска, ученичка во 4-2
  9. Милена Ордева, ученичка во 4-2 клас
  10. Горјан Малешевски, ученик во 4-2 клас

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*