Во Берово реализирана еколошката акција Генералка Викенд

Денеска, во Берово, е реализирана голема еколошка акција ,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”, при што, како и досега покажуваме сериозна грижа за животната средина.

Акцијата е организирана, преку заедничко партнерство на Општина Берово, Пивара Скопје, ПАКОМАК и МЕН ЕНД МАУНТЕН а во истата се вклучија и волонтери на Црвен крст на Македонија.

Во акцијата се вклучија училишта и институциите на локално ниво.

Големата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, е поддржана и од општествено одговорни компании: EVN, Нула отпад, Мак Стил, Бучим, БИ Милк, Костал и Шпаркасе Банка.

Се чистеше на повеќе локации во градот, при што, сите заеднички допринесувавме за поздрава и позелена иднина.

Целта на акцијата е да се собере што е можно повеќе отпад и да се подигне свеста на населението за грижата, за животната средина.

Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2024, е една од активностите кои ги спроведуваме, за да придонесеме во подигнување на јавната свест, за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*